Талибанците презедоа одговорност за нападот во Кабул

Радикалното талибанско движење во Авганистан ја презеде одговорноста за терористичкиот напад денеска во Кабул, објави телевизискиот канал TOLOnews.

Експлозијата го погоди дипломатскиот кварт во Кабул. Освен тоа, една од зградите на Министерството за одбрана на Авганистан се наоѓа во близина на местото каде што се случи експлозијата.

Најмалку триесет и четири лица загинаа во нападот, а 68 беа повредени, објави новинската агенција „Сјинхуа“. Повредените биле префрлени во болници.

Местото на експлозија е опколено од полициски кордон. Според авганистанскиот телевизиски канал TOLOnews, двајца милитанти кои биле вклучени во терористичкиот напад, се засолниле во соседната зграда и отвориле оган кон безбедносните служби.

Треба да знаете
Последни објави