Трамп го запали „Твитер“ нарекувајќи ги Иванка и Помпео „убавицата и ѕверот”

Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш ја покажа својата симпатија кон измислувањето прекари, споредувајќи ги својата сакана ќерка Иванка и американскиот државен секретар, Мајк Помпео, со ликовите од познатата бајка „Убавицата и ѕверот”, пренесува „Спутник“.

„Мајк, дојди овде Мајк… а знаеш кој друг е тука? Дали некој некогаш слушнал за Иванка? Добро, дојди Иванка, ајде. Таа ќе го украде шоуто”, рече Трамп претставувајќи ги на собирот на персоналот на Воздухопловните сили во базата „ Осан”во Пјонгатек, Јужна Кореја.

Иако и Иванка и Помпео навидум ја сфатија шегата и со насмевка се појавија на подиумот, корисниците на социјалните мрежи жестоко го критикуваа Трамп.

Огромен дел од нив не го сфатија коментарот како шега, велејќи дека Трамп, своевремено магнат за недвижнини, домаќин на телевизиско реално шоу и сопственик на натпреварот за убавина Мис САД, сè уште се однесува како да е во реално шоу.

Други пак, малку иронично прашаа: а кој е кој?

Треба да знаете
Последни објави