Уапсени две лица по убиството на бремена жена во Лондон

37-годишен маж беше уапсен под сомнение дека убил бремена жена во Лондон, која почина откако беше избодена со нож.

Втор осомоничен, 29-годишен маж, исто така беше уапсен во неделата попладне, објави лондонската полиција.

26-годишната жена, која полицијата ја идентификува како Кели Мери Фоврел, била пронајдена во тешка состојба во нејзиниот дом во Лондон околу 3:30 по полноќ, а нејзиното бебе е во критична состојба.

Полицијата рече дека работат на тоа да откријат што довело до трагичниот настан и дека прават се за побрзо разрешување на случајот.

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан реагираше на веста за убиството, велејќи дека насилството против жените нема место во Лондон, како дека и трагичниот настан е показател за степенот на проблемот со кој се соочува земјата. Тој изрази сочувство за детето кое трагично ја загуби својата мајка.

Според официјалните статистики, во Англија и Велс минатата година се случиле 285 фатални напади со нож, што е највисока бројка во последните 70 години, откако истите почнаа да се регистрираат.

Треба да знаете
Последни објави