Европратеникот Јуси Хала-ахо, кој неодамна го почна вториот двегодишен мандат како претседател на националистичката Партија на Финците, ги претстави своите политички цели во обраќањето на партискиот конгрес во Тампере, пренесува „Спутник“.
Во својот говор, Хала-ахо ги прогласи Финците за најголемата опозициска партија во Финска. Затоа, тој му рече на јадрото на партијата, дека нејзината должност не е да „аминува сè”, туку да ги истакне недостатоците и грешките на централно-левичарската влада што ја презеде власта на почетокот од јуни.
Хала-ахо, исто така, истакна дека поддржувачите на партијата не треба да се фокусираат на прашањата за кои имаат разлики во мислењето туку на теми кои ги обединуваат, наведувајќи ги имиграцијата и поддршката на обесправените како пример.
На крај, Хала-ахо ја спореди денешната атмосфера со периодот на Студената војна, користејќи непријатни споредби со Советскиот Сојуз.
„Во денешна Финска и пошироко во западните земји, имиграцијата, исламот, сексуалните малцинства и Европската Унија станаа нов Советски сојуз”, рече Хала-ахо.
За да се поправи ова, Хала-ахо повика да се зајакне правото на слобода на изразување.
Сигнализирајќи дистанцирање од реториката на Финците од времето на неговиот долгогодишен претходник Тимо Соини, Хала-ахо увери дека Партијата на Финците не е популистичка партија.