Чешкиот премиер Андреј Бабиш во неделата рече дека се можени предвремени избори доколку неговиот коалиционен партнер се повлече, зголемувајќи ги изгледите за уште повеќе политички превирања по неколкунеделните улични протести против неговото владеење.
Бабиш изјави на телевизиска дебата дека тој веќе ја отфрли можноста да побара поддршка од екстремно десничарската, анти-ЕУ и анти-НАТО партија за слобода и директна демократија, па затоа предвремените избори ќе бидат единствената опција.
„Верувам дека социјалдемократите нема да ја напуштат владата”, рече Бабиш, мислејќи на неговиот левичарски коалициски партнер.
„Зошто би? Тоа би било целосно самоубиство, бидејќи тоа де факто би значело предвремени избори“, додаде тој. Следните избори се закажани кон крајот на 2021 година.
Малцинската коалициска влада на Бабиш ја преживеа иницијативата за недоверба што ја поднесе опозицијата во врска со протестите во четвртокот. Но, истата повторно се соочи со политички превирања кога социјалдемократите се заканија дека ќе се повлечат во знак на протест поради одбивањето на претседателот Милош Земан да назначи нов министер за култура од нивните редови.
Тие го повикаа Бабиш да го притисне претседателот да назначи министер. Но, Земан одби да ги послуша нивните барања, велејќи дека го претпочита сегашниот министер.
Според анкетата на агенцијата „Кантар“, објавена од чешката телевизија во неделата, партијата на Бабиш АНО се уште води пред останатите – но 25,5 отсто е најлошиот процент на партијата од 2016 година.