Tом Џонс во Дубровник побара шампањ стар 17 години

Том Џонс (79), еден од најпопуларните пејачи во светот, добитник на наградата „Греми“ и носител на витешката титула сер која му ја додели кралицата Елизабета во 2006 година, пристигна во Дубровник.

Тој денес ќе одржи концерт по повод 70 години од Дубровничките летни игри. Во Дубровник доаѓа прв пат, а неговиот настап ќе го видат само илјада обожаватели, бидејќи толку може да застанат пред Дубровничката катедрала каде што ќе се одржи концертот.

„Дубровачки вијесник“ пишува дека Том од организаторот побарал само старо шише „Дом Перињон“ од 2002 година. Пејачот, наводно, немал големи барања ниту за сместувањето.

Треба да знаете
Последни објави