Илјадници демонстранти во Бразил го поддржуваат министерот за правда

Илјадници поддржувачи на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро во неделата се собраа во неколку градови за поддршка на владата и министерот за правда, Серхио Моро, кој се соочува со обвинувања за несоодветно постапување додека како судија ги надгледуваше случаите на корупција.

Моро им се обрати преку „Твитер“ на своите поддржувачи со зборовите: „Гледам. Слушам“ и објави фотографии на протести во Рио де Жанеиро.

Порталот „Интерсерт“ објави информации во кои се наведува дека Моро како судија тесно соработувал со обвинителите во гонењето на поранешниот левичарски претседател Луис Инасија Луле да Силва.

Моро процени дека Силва е виновен за корупција.

Демонстрантите се сомневаат во содржината на пораките и проценуваат дека тоа е обид да се запре широката акција против корупција предводена од Моро.

Треба да знаете
Последни објави