Македонија може да остане без леб

Македонија годинава може да остане без лебно жито. Жетвата во Србија започна од пред неколку денови, но тамошните земјоделци велат дека годинава нема доволно пченица за извоз. Ова е многу важно за нас, бидејќи најголем дел од увозот на пченица и брашно во земјава доаѓа токму од српските ниви.

Србија годинава ќе нема доволно пченица за извоз. Српските агрономи од Факултетот за земјоделство во Белград велат дека годинава се очекува принос многу помал од лани. Како причина за ова се наведуваат неповолните временски услови кои го зафатија Балканот. За да состојбата биде уште полоша, пченица има многу малку и на нашите ниви. Според Земјоделските здруженија има големи плантажи каде скоро и да нема род на пченица. Таму пак каде се жнее, приносте се могу мали и се за 25 до 30 отсто пониски од вообичаено. Според последните проценки на експертите годинава се очекува приносот да биде понизок од 1,5 тони по хектар.

-Временските услови кои беа многу неповолни за пченицата но и за останатите житни култури се главна причина за ниските приноси. Квалитетот е добар, но количина нема. За разлика од минатите години количините кои ги извезувавме ќебидат десеткувани, вели Јован Веселиновиќ, директор на „Борец“ од Војводина кој е еден од најголемите производители на пченица во Србија.

Нашите земјоделци велат дека производството на пченица во Македонија ова година се наоѓа во најтешка ситуација. Воедно цената за пченицата во последниот период се намалува.

Земјоделците велат дека доколку и оваа година откупната цена на житото биде како лани ќе го преполоват производство . Според нив годинава ќе има 50 отсто помалку  пченица за разлика од лани кога родот беше добар. Според нив не е точно дека нашата пченица не е квалитетна, за разлика од српската. Доколку проценките за приносите се исполнат, тогаш за да се покријат домашните потреби ќе се зголеми и увозот на пченица. Но ќе нема од каде да се увезе пченица бидејќи состојбата е секаде иста, има недостиг на пченица. Вообичаено во вакви случаи на намалено домашно производство не е исклучена можноста да има пораст на цените на финалните производи од жито односно на лебот.

Пченицата е стратешки производ во Републка Македонија и сеуште голем број на земјоделците произведуваат пченица на мали површина. Според последниот извештај на Држаниот завод за статистика површина засена со пченица се  80.924 ха (односно 34 % од вкупната земјоделска површина)  од која 64.706 ха се индивидуалне сектор, а 16.218  се деловни субјекти и 104.853 мали земјоделски стопанства произведуваат пченица.

Валентина Ангеловска

 

Треба да знаете
Последни објави