Франција ги повлекува вонредните мерки за Париз воведени поради топлотниот бран

Властите во Париз во понеделникот соопштија дека ги повлекле мерките за третата фаза од топлотниот бран, кои беа воведени во францускиот главен град на 23 јуни, поради високите температури низ целата земја.

Париз беше поштеден од најлошиот дел од топлотниот бран, кој беше најинтензивен во јужниот дел на Франција, каде што минатата недела беа забележани рекордни температури.

Температурите се искачија на рекордно ниво од 45,9 степени Целзиусови во Галарг л Монтју, во близина на Ним, во јужна Франција во петокот, велат од „Метео Франс”.

Иако температурите најмногу се намалија на северот на земјата, „Метео Франс” вели дека просечните температури остануваат високи на југ, при што неколку административни региони сè уште се наоѓаат во портокаловата фаза.

Треба да знаете
Последни објави