Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, против која генералниот секретар во Владата, Драги Рашковски најави кривична пријава за клевета за случајот „тендер во МНАВ“ на прес конференција рече дека Рашковски лаже и побара да даде одговор на сите неодговорени прашања.
„Тенко, многу тенко. Денес видовме како изгледа човек кој лаже, кој не ја говори вистината. Како изгледа човек кој дополнително заглибува во сопствената кал. А нема одговори за авантата од 7 милиони евра. Рашковски не одговори на прашањето што значи „Leonardo will win“, како што даде одговор на „Latter of award“ . Господине Рашковски многу сте јасен во снимката која ја слушнавме во медиумите кога велите : Leonardo will win. Господине Рашковски, ова индицира дека апла местите кој треба да го добие тендерот. Денес е јасно дека Драги Рашковски преговарал во својство на лице задолжено од премиерот Зоран Заев. Денес се дозна нарачката дека зад скандалозниот тендер стои лично Зоран Заев. Имаше и признание дека Чепуновски не потпишал незаконски тендер за кој постои сомневање за криминал. Туку тоа го направиле лица од актуелната власт. Договорот е склучен на 14.12.2018 година, кога премиер е Зоран Заев, а Драги Рашковски е Генерален секретар на Владата на Република Македонија. Рашковски не одговори на следново: Кога ќе си дадете оставка. Како главен преговорач со М-НАВ ќе преземете ли одговорност за инцидентот кога два лета од интернационални лета минатиот септември ќе направиле судар над македонското небо?праша Василевска.
Таа прашува како е можно да биде доделен тендер на компанија со истечена тендерска документација и дали Рашковски го повлекол заклучокот на владата за кој претседателот на М-НАВ укажува дека е спорен?
-Кои закони и подзаконски акти Сугарески и неговиот шеф на кабинет ги испратиле во Собранието за изменување и што се требаше да се смени за да можете да го доделите тендерот на фирмата која ја посакувате? Зошто го криете од компаниите учеснички на тендерот наодот на Бирото за судски вештачења? Денеска уште еднаш Рашковски ја покажа и ја докажа поврзаноста помеѓу СДСМ и Јавното обвинителство. Рашковски кажа дека ВМРО-ДПМНЕ нема поднесено кривична пријава во обвинителството, па се прашувам како Рашковски ги има информации, што ВМРО-ДПМНЕ има или ги нема поднесено? Дали господине Рашковски Јавното обвинителство ви реферира вам и на вашиот шеф, Зоран Заев? Господине Рашковски наместо да се расправате со новинари по прес конференции од позиција на моќ, треба веднаш да си поднесете неотповиклива оставка, како знак на морална одговорност, рече Василевска.
Дополнително очекуваме од Јавното обвинителство да побара притвор за вас, како би се отклониле сите опасности од ваше неприсуство пред органите на прогонот. И за крај лично обраќање до мојот колега Драги Рашковски. Колега, вашето лично обраќање до мене, како ваша колешка од Правен факултет е неиздржано, бидејќи вие од мене барате да ви се извинам јавно за да не ме тужите. Колега вие можете слободно да ме тужите. Јас не се плашам од вашите закани. Во Македонија според Уставот важи пресумпцијата на невиност, не се плашете да докажете што и како сте правеле вршејќи јавна функција пред надлежните истражни органи. Мојата цел е да се избориме за правна држава, а главниот постулат на моето политичко дејствување не е желбата за пари и власт, туку за спроведување на економска лустрација со која ќе добиеме колега конечно шанса да побараме прием во европското семејство, рече Василевска.