(видео) Индија: Се урна ѕид поради дожд, најмалку 15 мртви

Најмалку 15 лица загинаа, а 66 се повредени кога синоќа за време на  обилните дождови се урна ѕид на бараки во Мумбај.

Повеќе спасувачки екипи со кучиња трагачи ја пребаруваат околината, соопшти полицискиот службеник Сунил Дешмук.

Во текот на ноќта, во градот се урна уште еден ѕид, и се стравува дека има жртви.

Метеоролозите предупредуваат за нови дождови.

Секоја година од јуни до септември, сезоната на монсуните во Индија носи обилни врнежи, предизвикувајќи поплави и други штети.

Поради слабите темели на лошо изградените објекти, често доаѓа до нивно уривање.

Треба да знаете
Последни објави