Група од 15 млади луѓе маскирани со качулки нападнале локална полициска станица во департманот Еуре, фрлајќи проектили и петарди и извикувајќи „Алаху Акбар”, пренесува францускиот весник „Фигаро“.
Нападот се случил во петокот во 02:00 часот во полициската станица Вал-де-Роил-Лувиер. Според видео снимките од CCTV, двајца полицајци биле принудени да користат штитници за да се заштитат од нападот. Целиот инцидент траел околу половина час додека момчињата се обидувала да влезат во станицата.
Полицајците употребиле солзавец, подоцна добиле поддршка од припадниците на Антикриминалната бригада и од Дирекција за јавна безбедност.
Еден човек во Бордо беше уапсен откако влезе во полициска станица и ги напаѓа офицерите додека викаше смртни закани во името на Аллах.
Полицискиот извештај вели дека момќчињата не само што извикувале „Алаху Акбар” туку и ги навредувале полицајците и им се заканувале дека ќе ги запалат.