Европските пратеници на десничарските партии, кои го поддржуваат брегзит, како и независноста на Каталонија, го попречуваа денешното официјално отворање на седницата на Европскиот парламент.
Некои не сакаа да станат на химната на ЕУ, Бетовеновата „Ода на радоста”, додека други, главно од британската брегзит партија, се свртеа со грб за време на церемонијата на отворањето, објави АП.