Пејачката Грејс Џонс требаше да игра во новото продолжение на филмот за Џејмс Бонд со наслов „25″. Но, како што пишуваат странските медиуми, музичката ѕвезда дала отказ.
На Џонс не ѝ се допаднал фактот дека во ова ново достигнување треба да изговори само неколку реченици, па си заминала од снимањето, поради што продуцентите многу ѝ се налутиле.
„Грејс мислеше дека ќе има поголема улога, а не дека ќе се појави во филмот само неколку минути“, изјави извор близок до продуцентите за „Метро”.
Грејс Џонс веќе играше во еден филм за Бонд – „A View To A Kill“ од 1985 година, во кој агентот 007 го глуми легендарниот Роџер Мур.