Една научно истражување покажало дека трчањето во текот на 30 до 40 минути, 5 дена во неделата, може да го успори стареењето на телесните клетки, а со самото тоа, и стареењето на целиот организам.
Имено, податоците добиени од 5.823 испитаници покажале дека биолошкиот век на луѓето кои се физички активни за 9 години се помлади отколку кај луѓето кои претежно се занимаваат со седечки активности. Тие исто така се 7 години помлади (кога станува збор за биолошката старост) од лица кои се умерено физички активни. Научниците оцениле дека триесетина минути трчање 5 пати неделно може да се смета за висок степен на физичка активност за жените, додека мажите, за да го успорат стареењето на организмот, би требало да трчаат 40 минути дневно, 5 пати неделно.
Ова не е прво истражување кое укажува на поволните здравствени ефекти на трчањето. Претходните студиите покажале дека трчањето помага во превенцијата на остеопороза, како и дека може да ги ублажи симптомите и честите напади на мигрена.