Папата Франциск слетал во Скопје со неисправен радарски систем на аеродромот

Основниот радарски систем на скопскиот аеродром не функционирал кога утрото на 7-ми мај папата Франциск слета во Македонија, објави „Телма“.

Како што добро информирани извори тврдат за Телма, во април и во мај оваа година основниот радар на скопскиот аеродром не функционирал, и тогаш навигациските служби работеле според бекап, народски кажано резервни процедури и со полуисправен радар.

Во скопската кула на летање може да се потпрат само на еден исправен радар што контролира и полетување и и слетување,  и контролорите многу често се потпираат на радарот на кулата кој е најстар и веќе треба да се расходува.

Треба да знаете
Последни објави