Напаѓачот на Вест Хем, Марко Арнаутовиќ поднесе барање за трансфер, тврди „Скај Спортс”.
Во јануари голгетерот на „чеканите” го стори истото, откако доби примамлива понуда од Кина.
Пред тоа, пак, на идентичен начин го исфорсира преминувањето од Стоук Сити во Вест Хем.
Во почетокот на годинава лондонскиот не подлегнаа на притисоците и ја отфрлија понудата во износ од 35 милиони фунти за него, и споделија дека Арнаутовиќ не се продава, а потоа играчот дури потпиша нов четиригодишен договор со клубот.
Според „Скај”, причината за сегашната молба на 30-годишниот напаѓач е иста – нов предлог од Кина. Овој пат Арнаутовиќ, кој за две години забележа 22 гола во 65 натпревари за Вест Хем, бил цврсто решен да си замине.