(Видео) Еден загинат и 16 повредени во пожар на танкер во турското пристаниште Алиага

Најмалку едно лице загина, а 16 лица се повредени во пожар на танкерот „Синзанија”, кој плови под италијанско знаме, во турското пристаниште Алиага, во западната провинција Измир, објави петрохемиската компанија „Петким“, пренесува „Спутник“.

„На терминалот на ‘Петким’ во понеделникот вечерта околу 23:20 часот избувна пожар од непознати причини додека италијанскиот брод ‘Синзанија’ полнеше течни јаглеводороди. Пожарот брзо беше изгаснат. Најмалку 16 лица беа повредени, а еден почина во болница”, се вели во соопштението.

Според властите, во инцидентот загинал Италијанецот Роберто Монтегурдија. Во моментот нема информации за причината за експлозијата.
Треба да знаете
Последни објави