СДСМ соопштение за јавност реагира на прес конференција на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, кој го обвини министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски дека наместо ветинг вработува бизнисмени.
-ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол на лажните вести треба да се извини за лагите што секојдневно ги шири. Опозициската партија вчера бесрамно лажеше дека бројот на тужби на вработени кон МВР по разни основи изнесува 3500, додека во реалноста бројката е далеку помала. Во скапоцениот дворец немаат никаков кредибилитет да зборуваат за професионални институции, ВМРО-ДПМНЕ е заробена во матрицата на злоупотреби и притисоци кон институциите и затоа оваа партија е против процесот на ветинг во полицијата, против професионализација на институциите.
Наместо по навика да лажат, ВМРО-ДПМНЕ треба да се помират дека довербата во МВР се зголемува, а полицијата функционира како вистински пријател и заштитник на граѓаните, велат од СДСМ.