Околу 3.000 војници од 19 земји учествуваат во воените вежби во Црното Море.
Дванаесетдневната вежба „Си Бриз” 2019, која ги вклучува Украина, САД и уште десетина членки на НАТО, како и неколку други земји, почна вчера во северозападниот дел на Црното Море.
Во вежбата учествуваат 32 воени бродови и 24 авиони.
Руската армија соопшти дека ги следи вежбите.