Груевски: Гоце Делчев не бил Бугарин, можеа и помудро

Поранешниот премиер Никола Груевски кој е азилант во Унгарија, се огласи на социјалната мрежа Фејсбук за Гоце Делчев.

– Зарем мислите СДСМ не беше свесна дека ако го потпише договорот со Бугарија онака како што соседите бараа, ќе дојде до овој момент? Па, целта на договорот беше токму ова. “Пријателството” беше “обландата”, да звучи во јавноста поевропски, иако договори со вакви наслови се повеќе познати од времето на комунистичките режими. Всушност нашите соседи не криеја дека прашањето за историјата им е најважното во договорот.

Но, кога сте прифатиле да бидете марионетска власт, веќе очигледно со цел за да ве остават да рекетирате и крадете, ќе работите за туѓи, а не за интересите на својот народ и нација. Нормално, како и сите марионетски влади, истовремено ќе водите пропаганда дека работите за својот народ. И секој ден ќе го плукате и прогонувате тој кој не ја прифати вашата улога. Ќе го прогласите не само за насилник, терорист, криминалец, корумпиран, измамник, фашист и слично, туку и за “жив ѓавол” кој мора да се затвори и уништи, бидејќи го покажува вашето “грдо лицe во огледалото” низ кое ве гледа народот. Оттаму доаѓа опседнатоста. Но, настрана тоа.

Се наѕира една од можните стратегии на македонската страна: ,,Гоце бил Бугарин, но се борел за слободна Македонија”.

Нашите иторичари ги знаат овие работи и многу повеќе во оваа смисла. Прашањето е колку ќе сакаат да го зачуваат својот личен интегритет, пред притисокот на политиката, е дел од она што го напиша Груевски на Фејсбук.

https://www.facebook.com/NGruevski/posts/10157503012687716

Треба да знаете
Последни објави