“Северна Македонија постигна неверојатен успех во изминатите две години, претворајќи се од авторитарно општество во отворена демократија. Успесите во решавањето на проблемите со соседите имаат далекусежни последици. Сите ние, вклучително и нашите партнери од Франција од партијата на претседателот Макрон, тоа мора да го поддржиме и да го испорачаме ветеното за почеток на преговорите за членство во ЕУ до крајот на оваа година. Ќе разговараме со сите ова да се гарантира.” Тоа беше заклучокот на претседателот на АЛДЕ Ханс ван Бален, од владеачката холандска Либерална партија на премиерот Марк Руте, за време дебатата на лидерската средба на АЛДЕ овој викенд во Цирих, Швајцарија на која во име на ЛДП учествуваше Емил Кирјас.
Фокус на дискусиите на Советот на партијата на Европските либерал-демократи – АЛДЕ, чиј полноправен член е Либерално-демократската партија, беше најдобириот резултат на Европските либерал-демократи во историјата на изборите за Европскиот парламент. Како водечка сила во третата по големина група во Европарламентот “Обнова на Европа”, ќе следи зголемено учество и влијание на АЛДЕ во одлуките кои се носат во Брисел на сите нивоа. Се очекува во текот на оваа недела да се знае кои точно клучни позиции во ЕУ ќе им припаднат на либерал-демократите.
Во рамките на Советот на АЛДЕ, Емил Кирјас оствари повеќе средби на највисоко ниво со цел да се осигура почеток на преговорите до крајот на годината.
Безусловна поддршка на РС Македонија и изразија:
Донеодамнешниот премиер на Словенија а сега министер за надворешни работи Миро Церар, Министерката за социјална политика и лидер на либералите од Луксембург, Корин Каен,
Претседателката на британските Либерал-демократи, Баронесата Сал Бринтон, партијата која на изненадување на сите го освои второто место на европските избори, а моментно води на анкетите во Британија.
На Советот на АЛДЕ Кирјас говореше и со Никола Беер, генерален секретар на германсккте либерали и која се очекува неделава да биде избрана за потпретседател на Европарламентот и со Михаел Линк, поранешн државен секретар во германското МНР и директор на ОБСЕ-ОДИХР, сега пратеник во Бундестагот. Тие искажаа уверување дека на пленарната седница на Бундестагот во септември ќе има мнозинство кое ќе го поддржи предлогот на Европската Комисија за РС Македонија. Во разговорот тој укажа: “Продолжете да работете напорно. Го следиме позитивниот напредок на РС Македонија. Добро е што ЛДП добива позначајна улога во Владата, тоа ќе има влијаните кај нашите пратеници да гласаат позитивно.”
И од Данска која до неодамна се спомнуваше како скептична во однос на преговорите овој пат со позитивни пораки пред самитот во октомври. Додека пак европратеникот од Бугарија Илхан Ќучук информираше во рамките на новиот состав на Европарламентот има зголемена заинтересираност за состојбите во Северна Македонија што може да даде дополнителна можност за забрзување на процесот на евроинтеграција.
Со претседалот на црногорските либерали и пратеник во црногорскиот парламент Андрија Поповиќ беше договорено интензивирање на соработката имајќи предвид дека наскоро двете земји ќе преговараат за членство во ЕУ.