Запленети рибарски мрежи со пастрмка во Охридското Езеро

Полицијата запленила рибарски мрежи со пастрмка во Охридското Езеро. Како што соопшти МВР,
вчера во периодот од 9 до 14 часот, при вршење на патролна дејност во водите на Охридското Езеро, на околу 4000 метри од брегот на езерото, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор „Охридско езеро“ пронашле рибарски мрежи со риба пастрмка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави