Претседателот на Албанија, Илир Мета, предупреди дека мора да се најде реќение за повеќемесечната политичка криза во таа земја и порача дека во интерес на Албанците што сакаат да го остварат своето право на избор е парламентарните избори, како и претседателските, да се одржат на 13 октомври, пренесува „Спутник“.
Мета рече дека е подготвен да се соочи со социјалистите на актуелниот премиер Еди Рама, кои веќе отворија процедури за негова смена.
„Јас ќе се кандидирам за претседател, а Рама нека кандидира кого сака и така ќе ја решиме оваа криза,“ изјавил Мета за приштинска „Газета експрес“.
Тој рекол дека не бара Рама да ја напушто премиерската позиција, но истакнал дека во Албанија постои „паралелна држава“.
Мета им е благодарен на Албанците кои не влегле во замката за граѓански судир.
„Тоа не е нова замка, тоа е заплет кој не е заснован на принципите на демократијата ниту на вредностите на ЕУ и НАТО. Тоа е замка заснована на принципите на „длабока состојба“ чија цел е целосно заробување на државата,“ истакнал Мета.