Иранското обвинителство бара смртни казни за неколкумина уапсени кои се осомничени дека шпионирале за САД во воените и нуклеарните агенции минатата година, објавија денес иранските државни медиуми.
Иран во август објави дека уапсил „десетици шпиони” во државните органи, од кои многумина имаат двојно државјанство.
Портпаролот на судот, Голамхосеин Есмаил, рече дека дел од осомничените кои биле уапсени пред помалку од една година би можеле да добијат смртна казна од воените судови во Иран, објави државната телевизија.
„Двајца осомничени кои не се воени лица добија долги затворски казни”, додаде Есмаил, според „Ројтерс“.
Во јуни Техеран објави дека погубил поранешен службеник на воздухопловните сили во Министерството за одбрана под обвинение дека шпионирал во Централната разузнавачка агенција на САД.