МВР: Привремен сообраќаен режим летово на А2 делница Скопје-Охрид-Скопје

Со цел одбегнување на застој во сообраќајот односно овозможување на побрз проток на возила на магистралниот пат А2 делница : Скопје-Охрид-Скопје од 1 јули до 1 септември 2019 се воведува привремен сообраќаен режим за време на летниот период, соопшти МВР.

Со времениот режим се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите.

Временските интервали кога важи забраната се следниве – петок 15:00 – 22:00 часот, сабота 7:00 – 12:00 и 18:00 – 24:00 часот и недела 7:00 – 22:00 часот, додава МВР.

Треба да знаете
Последни објави