МВР: Секој што ги исполнува условите, има право да аплицира за станица за технички преглед

Министерството за внатрешни работи соопшти дека ги демантира дезинформациите што ги ширело ВМРО-ДПМНЕ, а се однесуваат на судир на интереси при добивањето на дозвола за станица за технички преглед.

„Согласно законските прописи, секое правно лице кое што ги исполнува условите, има право да аплицира за добивање на овластување за станица за технички преглед. Условите се пропишани со Законот за возила односно членовите 62,63,64,65 и 66. Овластувањето за вршење на технички преглед на возила го издава МВР, додека Овластувањето за идентификација и идентификација и оценка на техничката состојба го издава Министерството за економија. МВР во сите случаи постапува согласно законите. Исто така не е точно дека некој има можност да влијае врз одлуките на стручните служби во министерството. Што се однесува до вработувањата, токму во овој период МВР го промовира процесот на ветинг кој ќе покаже кој и како е вработен и тоа ќе и биде достапно на јавноста. Буквално секој вработен ќе биде подложен на ветинг и тогаш ќе се види кој е вработен на законит начин, а кој ќе мора да сноси одговорност“, велат од МВР во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави