Нови прозорци, врати и под во ОУ „Свети Климент Охридски“ во Бутел
Во основното училиште „Свети Климент Охридски“ кое што се наоѓа на територијата на општината Бутел, се обезбедени квалитетни услови за реализирање на наставната програма за наредната учебна година.
Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски информира дека е извршена замена на сите метални прозорци во училишниот хол и ходниците со нови ПВЦ прозорци со термопан стакло и нови портал врати, со кои значителни ќе се подобри енергетската ефикасност во училиштето.
Исто така, поставен е линолеумски под во училниците на површина од 600 квадратни метри, сервисирани се алуминиумските прозорци во училниците, поставени се помошни прозорции на 23 врати од училници, а веќе со самиот почеток на учебната година ќе стартува и новата мултимедијална библиотека за која е комплетно обезбедена нова просторија.