Главниот осомничен за убиството на локалниот германски политичар Валтер Либке на почетокот на минатиот месец, Штефан Ернст. денеска го повлече своето признание, јави ДПА повикувајќи се на судски извори.
Сојузното јавно обвинителство одби да ги потврди ваквите судски наводи.
Ернст беше уапсен на 15 јуни под обвинение дека со истрели од огнено оружје го убил Либке во неговиот дом во близина на градот Касел.
По апсењето Ернст го призна убиството на Либке, кој беше член на владејачката Христијанско демократска унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел.
Либке, кој ја предводеше локалната управа во градот Касел, на 2 јуни беше смртно ранет со истрели од огнено оружје од непосредна близина, на терасата на неговата куќа и потоа префрлен во болница каде им подлегна на повредите.
Ернст има полициско досие за вмешаност во кривични дела од омраза пред повеќе години, вклучително и за бомбашки напад врз бегалците во Хесен во 1993 година.