Рашковски со тужби за клевета за Миленко, Момировски, Златев, Василевска, Левица…

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски најави дека утре ќе поднесе кривична пријава за неовластено снимање против Климент Чепуњовски, како и тужби за клевета и навреди против Иванка Василевска, Горан Момировски, Миленко Неделковски, Љупчо Златев. Арбитражна постапка ќе биде поднесена и против медиумите „Курир”, „Инфомакс” и „Лидер”.

Рашковски, кој во моментов на прес-конференција ги објаснува деталите околу случајот во М-НАВ што произлезе по објавен разговор, им се извини на сите држави и националности што се нашле повредени во објавениот разговор.

Според него, е несериозно да се објават само 15-тина минути од разговорот кој што траел околу еден час.

Договорот за избор на италијанската фирма „Леонардо”, како што посочи Рашковски, е потпишан од страна на менаџментот поставен од минатата власт, односно од Живко Поповски, татко на поранешниот министер за надворешни работи Никола Поповски.

Треба да знаете
Последни објави