Градскиот совет на Атланта ја потврди забраната за пушење во ресторани и барови и на еден од најпрометните аеродроми на светот.
Членовите на градскиот совет ја изгласале оваа забрана вчера, пренесува денеска списанието „Атланта џурнал конститјушн” и таа опфаќа цигари, пури и електронски цигари, а ако ја потпише градоначалникот, стапува во сила на 2 јануари 2020 година.
Некои продавници за тутун и електронски цигари, приватни клубови и барови за цигари ќе бидат изземени од забраната, информира списанието, па не е сосема јасно дали забраната ќе се однесува на сите деловни единици на аеродромот во Атланта.