Српски полицаец (42) уапсен поради врска со 13-годишно девојче: Таа рекла дека е вљубена во него

Девојчето на сослушување изјавило дека е вљубено во обвинетиот со кој е во емотивна врска веќе неколку месеци, како и дека доброволно стапила во сексуални односи со него.

42- годишен полицаец од ММионица, татко на три деца е уапсен поради сомнеж дека неколку пати обљубил 13- годишно девојче и тоа во период од март до крајот на јунои, а девојчето било школска другарка на неговата ќерка.

Се сомнева дека полицаецот стапил во контакт со девојчето преку Фејсбук, повикувајќи се на тоа дека е татко на нејзина друарка. Најпрвин се допишувале, а откако се стекнал со нејзината доверба, почнале и да се гледаат. Ја искористувал емоционалната незрелозт на жртвата, убедувајќи ја дека тие двајцата се во љубовна врска- изјавил за 2Курир.рс“ добро упатен извоор во целиот случај.

Тој додава дека во последните неколку месеци се гледал со девојчето во околина на Мионица.

-Девојчето го возел во својот автомобил и го носел на скриени места, надвор од населението, а потоа со неа имал сексуални односи.Дека се случува нешто чудно забележала мајката на девојчето, која наводно ве нејзиниот телефон пронашла и пораки. Кога ја притиснала ќерка си таа признала дека е во врска со 42- годишниот полицаец од март- вели соговорник за Курир.рс.

Девојчето е сослушано и со неа разговарале психолози и психијатри, а за време на сведочење изјавила дека е вљубена во него.

Уапсениот полицаец се брани со молчење.

Доколу се докаже вина на суд, иако нема да се работи за силувањр, тој може да заработои казна затвор од 12 години поради обљуба над дете.

Треба да знаете
Последни објави