Стирлинг: Отсекогаш сум сонувал да играм надвор од Англија

Рахим Стирлинг верува дека ќе остане долго време во Манчестер Сити, но не ја отпишува можноста во иднина да игра надвор од Островот. Англискиот напаѓач, кој освои пет трофеи со Манчестер Сити, откако пристигна во 2015 година, го продолжи договорот со клубот од „Етихад”, кој завршува летото 2023 година.

– Ако морам да направам преглед досега, се чувствувам одлично тука. Го сакам Манчестер и јас играм во еден од најдобрите тимови во светот. Мислам дека ќе останам долго време. Но никогаш не се знае што ќе се случи во иднина. Сѐ уште сум млад и уживам во секоја минута. Додека растев, мојот сон беше да играм некаде во странство, изјави Стерлинг пред британското списание „Џи Кју”.

Офанзивниот фудбалер на „граѓаните” потврди дека сака да игра фудбал кога температурата на воздухот е помеѓу 17 и 18 степени. Во исто време, тој се пошегува, отпишувајќи ја опцијата да игра во Германија поради јазичната бариера.

– Понекогаш ги слушам Лерој Сане и Илкај Гундоган кога зборуваат. Немам поим како се разбираат. Им кажувам дека тоа не е јазик и ништо не се разбира, вели Стерлинг.

Треба да знаете
Последни објави