Четиринаесет морнари загинаа во пожар во руска подморница, соопшти руското Министерство за одбрана.
Морнарите се отруле од отровните гасови кога подморницата била зафатена од пожар, јави Би би си. Во заедничка акција, екипажот успеал да ги изгасне огнот.
Подморницата за истражување на длабоки води спроведувала воен надзор во руските територијални води.
Подморницата се наоѓала кај базата Североморск на северот на Европа, во близина на границата со Финска. Станува збор за главната база на руската Северна флота.
Во тек е истрага за инцидентот, која се спроведува под надзор на главниот комендант на руската морнарица.