Јункер, Туск и Могерини добија замена, ЕУ ги именува новите високи функционери

Лидерите на Европската Унија постигнаа договор за именувањето на високите функционери во Унијата, меѓу кои Германката, Урсула фон дер Лејен која ќе раководи со Европската Комсија, на чиешто чело досега беше Жан Клод-Јункер, соопштија вечерва во Брисел.

Европската централна банка ќе ја води Французинката, Кристин Лагард, а на местото на Доналд Туск за претседател на Европскиот Совет е именуван Белгиецот, Шарл Мишел.

Шпанецот, Жозеп Борел ќе ја замени Федерика Могерини на местото висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност.

Треба да знаете
Последни објави