Готје „удри“ по брзата мода: Хиперпродукцијата е апсолутно одвратна

Францускиот дизајнер Жан Пол Готје вели дека големите модни брендови ѝ штетат на планетата со хипер-продукцијата на нови колекции во кои има преголем број на парчиња облека.

Готје вели дека овие компании мора да стават крај на „трката“ кој ќе изработи повеќе облека.

„Големите групации креираат се повеќе колекции, нови колекции, огромни количини на облека. Апсолутно одвратно“.

Како еден од највлијателните дизајнери, со повеќе од 40 години искуство во високата мода, Готје е подобен да говори на оваа тема бидејќи тој има големо познавање од оваа индустрија.

„Не размислуваат за она што им е потребно на луѓето. Тие само размислуваат како да пораснат. Тоа е прашање на моќ и политика“, вели Готје.

Тој додава дека голем број на компании произведуваат облека која не е наменета за носење, туку е еден вид на маркетинг.

Готје стана препознатлив по неговите ексцентрични и смели дијзани како конусниот градник за поп-иконата Мадона, или саронгот за фудбалската ѕвезда Дејвид Бекам.

И покрај тоа што Готје е дел од модата, тоа не го сопира да ја критикува индустријата која годишно произведува милијарди парчиња облека.

Треба да знаете
Последни објави