Етиопија почна да го обновува пристапот до интернет денес, 10 дена откако беше прекинат по атентатот врз шесте највисоки владини претставници.
Интернетот беше укинат низ целата земја, но функционираше на неколку локации во последните денови, објави АП.
„Интернетот денес е вратен во Адис Абеба и чекор по чекор ќе биде вратен и на други локации низ земјата”, изјави портпаролот на „Етио телеком”, Черер Аклил.
„Сите интернет-пакети што ги купија корисниците, а не беа во можност да ги користат за време на прекинот на интернетот, ќе бидат надоместени”, рече Аклил.