Израелски пиварници во контроверзен скандал поради шише со ликот на Ганди

Индиска активистичка група жестоко реагираше откако две израелски пиварници употребиле карикатура на Махатма Ганди како дел од својата рекламна кампања, тврдејќи дека пиварниците го претвориле анти-алкохолниот крстоносец во маскота, пренесува РТ.

Создадено како заеднички проект на израелските пиварници „Малка“ и „Негев бирс“, контроверзното шише беше вклучено во кутијата за одбележување на Денот на независноста на Израел. Комплетот содржи шишиња со ликовите на различни историски личности за различни видови пиво, вклучувајќи и карикатура на Ганди со очила за сонце и шарена маичка.

Еби Џ. Хозе, претседател на Националната фондација „Махатма Ганди“, со седиште во Керала, рече дека со карикатурата се исмева лидерот на независноста и поднесе писмени жалби до индискиот премиер Нарендра Моди и до неговиот израелски колега, Бенјамин Нетанјаху, надевајќи се дека ќе покренат правна постапка против пиварниците.

„Чинот на етикетирање на шишето алкохол со неговото име и лик е одвратен и непристоенво најмала рака”, пишува во писмото до Нетанјаху, додавајќи дека производителот се однесувал недемократски, неетички и неморално.

Активистот вели дека прво го забележал шишето во онлајн видео објавено од Индиец кој работи во Израел.

„Бев шокиран кога го видов на шанк, држејќи пивско шише со изобличен лик на таткото на индиската нација. Тој го објави видеото со чувство на повреденост како и јас, и сигурен сум дека милиони Гандијци во светот се длабоко повредени,“ изјави Хозе.

Освен борбата против британското владеење во Индија, Ганди исто така беше жесток критичар на алкохолизмот и се залагаше за апстиненција, поради што Жозе вели дека пивото е дополнителна навреда .

Треба да знаете
Последни објави