Малиот Арчи ќе се крштева на 6 јули, церемонијата ќе биде приватна

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл (37) и принцот Хари (34) станаа родители на синот Арчи на 6 мај и во моментот се подготвуваат за крштевка. Британските медиуми пишуваат дека Меган и Хари ќе го крштеваат синот на 6 јули, точно два месеци по неговото раѓање.

Тие ја избраа приватната капела на кралицата Елизабета во замокот Виндзор, бидејќи сакаат интимно и тивко место кое е од особена важност за кралицата – вели кралскиот извор. Кралските крштевки обично се приватни, и на вив доаѓаат исклучиво најблиските членови на семејството, кумови и пријатели.

Меган и Хари сакаат крштевањето на синот да го прослават прво во кругот на семејството, а потоа фотографиите да ги објаваѕт во јавноста. Сè уште не е познато кој ќе му биде кум на Арчи.

Треба да знаете
Последни објави