Нов обид за избор на челници на ЕУ

Лидери на ЕУ денеска се собираат во Брисел во обид да продолжат преговори за именување за водечки функции за ЕУ институциите.

Трет ден по ред лидерите во ЕУ ќе се обидат да изнајдат компромис за имињата на идниот претседател на ЕК. Во пакет се бираат претседател на ЕС, шеф на дипломатијата и претседател на Европската централна банка.

Пред состанокот средба имаа од Вишеградската четворка кои вчера отворено се спротиставија за избор на холандскиот социјалист Франс Тимерманс за шеф на ЕК.

Треба да знаете
Последни објави