Поголем дел од водостојот на реките под просекот

Поголем дел од водостојот на реките во државата е под јулскиот просек. Најдрастична е ситуацијата на реката Сатеска кај Ботун, каде нивото е за трипати пониско од просекот за јули.

Денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека двојно е намален водостојот на реката Бабуна, а намалување се бележи и кај Црн Дрим, Вардар кај Велес, Крива Река, Пчиња и Струмица.

Зголемено е нивото на Вардар кај Демир Капија и кај Јегуновце, а на исто ниво како јулскиот просек е водостојот на реката Треска.

Кај езерата, зголемено е нивото на Дојранското Езеро, додека нивоата на Охридското и Преспанското Езеро се движат околу просекот.

Треба да знаете
Последни објави