Почетокот на Европскиот совет доцни, во тек се консултации

Лидерите на ЕУ се собраа денес, трет ден по ред, во Брисел да продолжат со преговорите за назначување на водечките позиции на институциите на ЕУ, а почетокот на Европскиот совет првично најавен во 11 часот, според најновите информации, ќе доцни два часа.

„Почетокот на Европскиот совет започнува во 13 часот. Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, продолжува да се консултира“, напиша на „Твитер“ портпаролот на Туск, Пребен Аман.

Лидерите ќе се обидат да постигнат компромис за името на идниот претседател на Европската комисија.

Исто така, се избира претседател на Европскиот совет, шеф на дипломатијата и претседател на Европската централна банка.

Најавено е и дека, доколку е потребно, разговорите ќе продолжат за време на работниот ручек.

Треба да знаете
Последни објави