Сe реконструира улицта Февруарски Поход

Градот Скопје ја започна реконструкцијата на коловозот на улицата Февруарски поход во скопската Општина Аеродром. Увид во градежните работи на оваа делница денеска изврши градоначалникот Петре Шилегов.

-Градот Скопје продолжува интензивно со реконструкцијата на главните сообраќајници насекаде низ нашиот град.  Денеска ја почнавме реконструкцијата на оваа фреквентна и оштетена  улица Февруарски поход во населбата Ново Лисиче. Реконструкцијата на коловозот ќе се изведува во должина од 720  метри,  а предвидено е да се заврши, како што стана традиција, за рекордно кратко време,  во рок од 20 дена – рече Шилегов.

Тој додаде дека императив на Градот е да се обезбедат безбедни сообраќајници за сите учесници во сообраќајот, без создавање сообраќаен метеж.

-За реконструкцијата на оваа улица Град Скопје ќе потроши околу 7,49 милиони денари- кажа Шилегов.

Градоначалникот Шилегов, повторно ги замоли граѓаните, за разбирање додека траат градежните активности. Исто така, тој упати апел до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и на дневна основа да ги следат информациите за привремен сообраќаен режим што ги објавува Град Скопје.

Треба да знаете
Последни објави