Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер вчера беше упатен во Центарот за дијагностика на затворот Реметинец, кој ќе одлучи каде ќе ја отслужува правосилната шестгодишна казна затвор за аферата Планинска поради која, покрај затворот, се очекува да исплати незаконски стекнати 2,3 милиони евра.
-Санадер е испратен во Центарот за дијагностика, каде што во следните месец дена ќе се одреди каде ќе ја отслужи затворската казна, изјави портпаролот на загрепскиот Жупански суд Крешимир Девчиќ.
Со тоа Санадер и формално треба да почне со издржување на казната поради аферата Планинска, бидејќи решението за упатување на издржување на казната стане правосилно.
Освен затвор, Санадер го очекува и извршување, бидејќи 15 дена по правосилноста на пресудата, во државниот буџет не уплатил 2,3 милиони евра мито колку, според пресудата, примил од Стјепан Филиќ откако зградата на неговата компанија го купи министерството на чие чело беше Петар Чобанковиќ.
-Првостепената и второстепената пресуда се доставени до граѓанско-управниот оддел на Општинското јавно обвинителство во Загреб, кое е надлежно за почнување на процесот за извршување, рече Девчиќ.
Санадер е во затворот Реметинец од 4 април, кога Врховниот суд ја зголеми казната за аферата Планинска, за која претходно беше осуден на четири и пол години. Откако правосилната казна му беше повеќе од пет години, тој веднаш беше вратен во истражниот затвор, каде што ја чекаше писмената пресуда на Врховниот суд, кои причините за зголемување на казната ги образложи во писмена форма на 23 мај.
Главниот државен обвинител Дражен Јелениќ рече дека државата ќе ги разгледа сите можности, кои и стојат на располагање, со цел на поранешниот премиер и претседател на ХДЗ, по конечната пресуда, да му се заплени незаконски стекнатата имотна корист.
Тој, исто така, објасни дека рокот од 15 дена се однесува на доброволно плаќање, а потоа започна рокот за извршување.
Во конечна пресуда, Врховниот суд на Хрватска заклучил дека во случајот Планинска, „станува збор за осмислена политичка корупција во нејзина најтешка форма”.
Покрај Санадер, Фиолиќ и Чобанковиќ, кој по признавањето на корупцијата, беше осуден на општествено корисна работа, во случајот Планинска, беше осуден и Младен Млинаревиќ, чија компанија пред купопродажбата направила зголемување на вредноста на недвижниот имот на Филиќ.
Санадер, Филиќ и Млинаревиќ, заедно со две компании, треба да вратат на државата и два милиони евра, заедно со законска затезна камата, која тече од денот на правосилна пресуда па до исплатата.