Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против А.К.(39) од Скопје, информираше МВР.
Тој се сомничи за сторено кривично дело оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем.
Според полицијата, А.К. во ноември 2018 година, преку е-маил на печатница навлегол во компјутерскиот систем и го избришал графичкиот дизајн и целата подготовка за печатење на изданија на две списанија. На тој начин го оневозможил користењето на електронските податоците за списанијата.
Со наведените дејствија, пријавениот причинил материјална штета на печатницата во износ од 336.000 денари.