Трагична вест дојде од Италија, од каде потврдија дека телото на фудбалерката на Јанг Бојс и швајцарскиот национален тим, Флоријана Исмаили, било пронајдено во езерото Комо.
Како што е познато, таа и нејзина пријателка изнајмиле брод со кој пловеле, а во еден момент Исмаили решила да се нурне во езерото, но сепак не се вратила на самиот брод.
По неколку дена пребарување и користење на робот, кој стигнал до дното на езерото, безживотното тело било пронајдено.
Флоријана Исмаили почина на возраст од 24 години.