Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека за време на прославата на Денот на независноста на 4 јули во Вашингтон ќе бидат прикажани борбени тенкови.
Станува збор за тенкови „М1 Абрамс“ и „Бредли“. АП наведува дека два тенка „Абрамс“ и уште четири воени возила пристигнуваат со товарен воз во Вашингтон и моментално се под контрола на воената полиција.
Властите на Колумбија предупредија дека тешката воена опрема може да ги оштети градските улици.
За време на парадата на 4 јули, планиран е огномет, како и прелет на авионите на „Ер Форс Ван“ што ги користат претседателите и поморските ескадрили.
За разлика од претходните претседатели, Трамп планира да одржи говор кај споменикот на Линколн.