Цеца Ражнатовиќ и Јелена Карлеуша не се смирија на суд. Помирувањето на српските ѕвезди пропадна бидејќи пејачките не се појавиле на суд во Белград! Тие имале закажана медијација, која е одложена бидејќи ЈК е на одмор во Турција. Претходно пропадна и првиот обид за помирување на 11 јуни бидејќи на суд тогаш се појави само Карлеуша.