ГДУ:Дали е етички Рашковски да остане на функцијата после се?

,,Оставка од генералниот секретар нема, одговор на новинарските прашања нема, само закани со тужби против новинари и медиуми. Зошто Рашковски се извинуваше до небо, а не се повлече од функцијата?”,соопшти Граѓанско Демократска Унија – ГДУ.

Според партијата, прашањата кои ги поставува јавноста за скандалот со тендерот во М НАВ останаа без одговор. ,,Со заканите со тужби Рашковски прави директен притисок врз медиумите. Актуелната власт кога беше опозиција жестоко го критикуваше притисокот врз медиумите и заканите уаптени кон новинарите, а денеска го гледаме Рашковски како од позиција на моќ го прави истото.Дали се точни наводите за нелегални активности врзани за тендер на италијанската фирма „Леонардо“ за опрема за модернизација на М НАВ Рашковски нека докажува пред надлежните институции. Но, Рашковски се поврзува со скандалозен тендер и дури и италијанските медиуми пишуваат за тоа. Затоа сметаме дека од етички причини Рашковски требаше да си поднесе оставка. Една Влада чиј генерален секретар се поврзува со местење на тендери и кој навредува нации и држави, со кој образ ќе оди и бара датум за почеток на преговори? Притоа ова не е единствениот скандал со кој се поврзува Рашковски. Неговото име го следат бројни скандали за
непотизам, злоупотреба на моќ, криење на документи од јавен интерес”, се вели во соопштението.

ГДУ прашува зошто премиерот Зоран Заев молчи? ,,Ве повикуваме да се одважите и да
излезете во јавноста со став за скандалите кои го следат вашиот човек од доверба. Дали Рашкоски ќе остане на позицијата генерален секретар на Владата? Дали е етички Рашковски да остане на функцијата после се?”, прашува ГДУ.

Треба да знаете
Последни објави