Татко на три деца од Австралија почина во тешка агонија, 10 дена откако присуствуваше на забава на која пријателите го прездизвикаа да изеде гуштер гекон.
Дејвид Дауел од Квинсленд почина во декември откако му беше дијагностицирана хронична салмонела. Тој повраќал зелената жолчка, а од телото му излегувала течноста што се насобрала во неговото тело.
Денес, половина година по неговата смрт, неговото семејство сè уште бара одговори на прашањето што му се случило, бидејќи приказните за тоа што му се случило на забавата се контрадикторни.
„Нема докази дека тој всушност изел гекон бидејќи неговите пријатели прво тврдеа дека го виделе како го проголтал, а потоа дека не виделе ништо”, рече неговата ќерка за „Бризбејн тајмс“.
Лекарите, пак, ѝ кажаа на неговата сопруга дека е можно геконот да предизвикал појава на салмонела кај мажот.
Истрагата е во тек.